Илма Ракуза е родена во 1946 година во Словачка, од мајка унгарка и татко словенец, а детството го поминала во Будимпешта, Љубљана и Трст. Студирала словенски јазици и литература и романски јазици и литература, и од 1975 година работи како лектор на Универзитетот во Цирих. Покрај тоа, таа е и писател, преведувач и новинар. Живее во Цирих. Илма Ракуза е автор на неколку збирки поезија (меѓу кои Збогум на сè, Една по друга љубов) и проза – и е активен певедувач од француски, руски, српски, хрватски и унгарски (Марина Цветаева, Данило Киш, , Имре Кертеш, Петер Надас). Нејзината поезија е преведена на англиски, француски, руски, арапски, словенечки, бугарски, српски, хрватски. Добитник е на неколку награди.

Песни: