Илја Каминску е роден во Одеса, поранешен Советски Сојуз во 1977 година, Се преселува во САД во 1993 година, кога неговото семејство добило азил од страна на американската влада. Живее во Сан Диего, Калифорнија.

Илја е автор на Танц во Одеса ( 2004), за која добива Whiting Writer’s награда, Меркаф награда од американската академија на науките и уметностите, Дорсет награда, како и Рут Лили стипендија. Танцот во Одеса исто така била прогласена за најдобра книга на годината за 2004 година од страна на списанието Предговор. Илја пишува воедно и поезија на руски јазик.

Неговата поезија се чита во сите Универзитети во САД, од Харвард до Наропа како и во многу поетски резиденции и центри за литература. Во 90-тите тој ја основа организацијата Поезија за мир- организација која доделува грантови за поески читања во САД и во странство. Во моментов тој предава Современа светска поезија на Одделот по креативно читање во Универзитетот во Сан Диего.

Песни: