Индре Валантинаите (родена во 1984, Каунас) е литванска поетеса. Откако завршила езуитска гимназија, таа студирала уметнички менаџмент на Универзитетот во Вилнус и Академијата за уметност во Вилнус. Има објавено нејзини песни во многу списанија, a првата книга ја објавила во 2006. Нејзината прва книга За рибите и лилиите ѝ ја донесе првата награда во поетската категорија на „Првиот книжевен натпревар“ од Литванското друштво на писатели во 2006 година. Нејзината втора книга Приказни за љубов и други животни (2016) е добитник на наградата „Јанг јотвингиан“ во 2012 година. Третата книга била објавена во 2017 со наслов Кратките филмови. Покрај пишувањето песни, Индре е пејачка, победничка на неколку фестивали, како и ТВ новинарка и продуцентка.