Ингрид Сторхолмен е родена во Вердал, Норвешка на 22.05.1976 година. Студирала книжевност на Универзитетот во Берген и поминала една година во училиште за креативно пишување. Исто така била книжевен уредник на “Moгgenbladet”, весник за култура во Норвешка.
Пет години била на книжевен престој во “Adгianstua”, куќа за писатели во Трондхајм. Додека живеела во Трондхајм го започнала интернационалниот фестивал за книжевност и заедно со двајца колеги го основала книжевното списание “LUJ”. Добитник е на бројни книжевни награди и признанија за нејзините дела, а дел од нејзината поезија е преведена на 18 различни јазици. Добитник е на тригодишна
стипендија од владата на Норвешка и учествувала на многу фестивали за поезија низ Европа.

Песни: