Јон Деаконеску е роден во 1947во Романија. Дипломирал на факултетот за уметност на Универзитетот во Букурешт. Докторирал на одделот за лингвистика и странска литература. Поетот станува професор по реторика на Универзитетот во Крајова. По неколку години дава отказ и се посветува на комуникациското поле во политичкиот свет. Делата на овој поет се објавени во осум земји и преведени на неколку јазици. Автор е на многу аналитички студии, критики и теоретски есеи објавени во различни земји.