Иштван Турци, роден во 1957 година, е широко објавуван поет, прозаист и преведувач. Доктор на науки, тое е и универзитетски професоr по креативно пишување и современа литература во Унгарија и Источна Европа. Основач и уредник е на поетскиот journal „Парнасус“ и на едицијата поетски книги „Парнасус“, во која се печатат најактивните поети на денешнината, како и поети во превод од други јазици. Исто така, тој е потпретседател на унгарскиот ПЕН клуб, како и член на Одборот и претседавач на поетската секција на Здружението на писатели на Унгарија. рбјавил 12 книги поезија, 3 романи и неколку книги преводи од англиската, американската, австралиската и финската литература. За својата работа има добиено неколку награди, меѓу кои Меѓународната поетска награда во Варшава во 2004 година, Витешки крст на Република Унгарија во 2004 година, како и највисоката литературна награда „József Attila“ во 2006 година.