Jacob Polley Poet

Џејкоб Поли е роден во 1975 година, а израснал во Камбрија, северозападна Англија. Неговата четврта збирка песни, Jackself, е добитник на поетската награда T.S. Eliot во 2016 година, а двапати претходно бил во потесниот избор за неа, за неговата прва книга The Brink (2003) и за The Havocs (2012). The Havocs ја добива Geoffrey Faber Memorial Prize, а неговиот прв роман, Talk of the Town (2009), адолесцентска криминалистичка мистерија напишана на нестандарден северноанглиски дијалект, ја добил наградата Somerset Maugham Award. Неговите дела се објавени од „Пикадор“, Обединето Кралство. Jackself од жирито за наградата на T.S. Eliot е опишана како „’огномет‘ од книга; инвентивна, возбудлива и извонредна во имагинативниот опсег и длабочината на чувството“. Како поет на недосегливата и изненадувачката лирика, поезијата на Џејкоб го истражува неговото рурално воспитување, силите на традицијата и историјата и моќта на говорот кога се приближува до песната. Џејкоб ѝ дава централна позиција на заедничката работа во својот креативен живот, специјализирајќи се за уметнички инсталации од големи размери, филмови и перформанси, а во последниот период напишал и извел дела за радио и сцена, вклучувајќи ги Lamanby (2017) и The Blackwood (2018). Двете се адаптации на делови од Jackself, во музичка и тонска постановка на Џон Алдер и емитувани на радио „Би-би-си“. Џејкоб е професор по креативно пишување на Универзитетот во Њукасл и живее со семејството на североисточниот брег.

Овој импресивен опус ја афирмира работата на сјајно реализиран поет кој е вклопен со англиската лирска традиција, но, исто така, ја пренесува во нова територија.

Неговата прва збирка, Тhe Brink, веднаш го обележа како млад поет што ветува многу, со умешност да го обедини чувството на секојдневието со чувството за нешто надвор од овој свет.

Веб-страницата на Џејкоб Поли е на следнава адреса: www.jacobpolley.com.

Песни: