Јан Ерик Волд е норвешки писател, роден во Осло во 1939 година, но живее во Стокхолм од 1977 година. Тој е поет, есеист, уредник, антологист, преведувач, уметник кој комбинира поезија и џез. Првата книга ја издал во 1965 година. Има објавено 20 книги поезија, 13 збирки есеи, уредник бил на три книжевни списанија во Норвешка и три антологии на модерна норвешка поезија. Исто така, се занимава со препев на познати автори, меѓу кои: Вилијам Карлос Вилијамс, Валас Стивенс, Френк О’Хара, Роберт Крили, Ричард Бротиген, Боб Дилан, Семјуел Бекет, Питер Бичел, Томас Транстромер. Меѓу другото, има снимено 11 албуми на поезија и џез. Поезијата на Волд е објавена на шведски, англиски, германски, француски, шпански, српско-хрватски и унгарски јазик.