Поетот, преведувач и книжевен научник, Јан Гавура, во словачката поезија ја претставува тенденцијата на напуштање на експерименталните трендови и приклонување кон традиционалната естетика и вредности. Во својата дебитантска збирка Гopeњeтo на пчeлитe (2001) ги нагласува темите на вознесеното, убавото и моралното, контрастирајќи го модерното и традиционалното и црпејќи инспирација од митологијата и Библијата. Во втората поетска збирка Секое yтpo (2006) авторот го заменува гносисот со поетски слики и фрагменти од семејниот живот, природата, светот и неговите закони за положбата на субјектот. Третата поетска збирка Беса (2012) претставува избалансиран поетски ракопис, во кој доаѓа до синтеза на двата мотивски круга од претходните збирки. Преведува поезија и
проза од англиски јазик. Објавил две научни студии: Јан Бузаси (2008) и Лирски илуминации (2010), а исто така се занимава и со издавачка и уредничка дејност. Тој е главен и одговорен уредник на поетското списание Вертиго, уредник на списанието Ентер, уредник и проект-менаџер на “Европската куќа на поезијата” и составувач на антологија на современата словачка поезија. За своите дела добил повеќе награди, меѓу кои и Наградата на Иван Краско за најдобра дебитантска книга.