Јан Гавура е поет, преведувач, професор, уредник на книги и списанија и книжевен критичар. Роден е во 1975 во Попрад, Словачка, и моментално работи како универзитетски професор каде неговото главно истражувачко поле е книжевноста на дваесеттиот век, теоријата, историјата и преводот на книжевноста, посебно поезијата. Објавил три збирки поезија, дебитантската книга „Палење пчели“ ( 2001), била наградена со наградата „Иван Краско“ за најдобро деби во книжевноста на словачки јазик. Следеле две други книги: „Секое утро си“ (2006) и „Беса“ (2012). Неговите песни се појавиле во неколку домашни и странски антологии и списанија и преведени се на англиски, француски, полски, словачки, унгарски и јапонски.
Биографија
[su_accordion]
[su_spoiler title=”Јан Гавура” style=”fancy”]

Тој бил генерален уредник на повеќе збирки есеи и одбрани песни на водечки словачки поети. Превел бројни книги од современата англиска, ирска и американска книжевност. Тој е ко-основач на Европската куќа на поезијата Кошице, издавачка куќа и институција за книжевни, културни и образовни настани. Тој е исто така и на чело на граѓанската група FACE „Фокусирани на алтернативна култура и образование“. Неодамна основал ново списание за поезија „Вртоглавица“, а продолжува да го уредува списанието за современа уметност „Ентер“.
[/su_spoiler]
[/su_accordion]