Роден 1945 година во Рига, Јанис Рокпелнис е латвиски поет, есеист, писател и научник. Од 1963 до 1969 студирал психологија и филозофија на тогашниот Ленинградски државен универзитет. Има дипломи по теологија и филозофија, и е квалификуван предавач. Работел како професионален писател, уредник, книжевен консултант за Унијата на писатели, предавал историја на култура и уметност, а бил и на важни позиции во различни организации поврзани со книжевност, култура и кино. Рокпелнис е член на Латвиската унија на писатели, како и други книжевни друштва, почесен член на Латвиската академија на науките, добитник на голем број стипендии, награди и одлики, вклучувајќи ја престижната „Балтичко здружување“ награда во 2000 година, како и голем број важни национални награди. Тој е еден од првите автори од неговата генерација кој ги вовел трендовите на иронија и коегзистенција на различните лингвистички слоеви во неговите дела, спојувајќи ги во еден негов уникатен лирицизам и писателски стил. Рокпелнис, исто така, уредувал огромен број збирки поезија, добро прифатени од публиката, и признати со награди. Рокпелнис е автор на 8 збирки поезија, документарен роман, белетристички роман, збирки есеи, биографски труд за поетот Кнутс Скујениекс, книга за деца, како и либрето, филмски сценарија, статии и други текстови. Превел голем број руски поети. Поезијата на Рокпелнис е преведена на над дваесет јазици, и е дел од многу антологии во странство. Неговите книги се објавени на руски, литвански, италијански, француски и англиски јазик.
Flickr
Новости
- Конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ во 2020 година, за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на СВП понеделник јуни 1st, 2020
- MBRËMJET E POEZISË SË STRUGËS JANË PJESË E „FESTIVALIT TË SHPRESËS” петок април 24th, 2020
- „Струшки вечери на поезијата“ e дел од „Фестивалот на надежта“ петок април 24th, 2020
- Поздравно обраќање на Амир Ор, добитникот на Златниот венец за 2020 година вторник март 24th, 2020
- Израелскиот поет Амир Ор е добитникот на наградата „Златен венец“ на СВП за 2020 година сабота март 21st, 2020
Контакт
Address: P.O. Box 109
Str. Brakja Miladinovci nr.5
6330 Struga
Republic of Macedonia
Phone: ++389 46 786 270
Fax: ++389 46 786 280
Email: struga@svp.org.mk