Јордан Даниловски е роден во Дебар на 15. 1. 1957 г. Новинар, поет, критичар, есеист
и романсиер. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел во Културната
редакција и бил заменик директор на Македонската телевизија. Член е на ДПМ. Тој е
еден од основачите на сп. Стожер и на книжевната манифестација Празник на липите.
Дела: Голтач на пламен, Скопје, 1982; Движење, простор и време, Скопје, 1984 (поезија);
Внатрешен говор, Скопје, 1986 (поезија); Лудото легло, Скопје 1988 (поема); Множење на
тишината, Скопје, 1989 (поезија); Симона и приказните, Скопје, 1991 (поезија за деца);
Коба, Скопје, 1992 (поезија); Симона е златниче, Скопје, 1992 (поезија за деца); Вев,
Скопје, 1993; Гачки, закачки, Скопје, 1994 (брзозборки); Здрач, Скопје, 1994; Онамона до
Симона, Скопје Гачки, закачки, 1994 (поезија за деца); Книга тма, Скопје, 1996 (поезија);
Лудото легло, Скопје, 1998; Мистик, Скопје, 1999; Вдув, Скопје, 2001 (роман); Александар
Македонски од аголот идеален збор, Скопје, 2001; Книга нави, Скопје, 2002; Книга ом,
Скопје, 2004; Пошепотена, Скопје, 2006 (поезија). Добитник е на наградите „Браќа
Миладиновци“ и „Ацо Шопов“.