Хорхе Палма е роден во Монтевидео, Уругвај, во 1961 година. Автор е на збирките поезија: Место на утопиите, Дневник на небото, Мле;ен пат, Заборав, Меѓу ветрот и сенката, како и на збирката раскази Вештачки раеви. За книгата Дневник на небото ја добил награда од Министерството за образование и култура на Уругвај. Освен поетската дејност, држи предавања и работилници за пишување во организација на Министерството за образование и култура. Исто така, води литературна радио програма за промоција на уругвајски и странски писатели и книги.