Роден е во с. Присовјани, Струшко, на 14. 1. 1932, а почина во Скопје на 12. 7. 2001г. Поет и новинар. Завршил средно образование. Работел како новинар во Радио Скопје. Бил претседател на Советот на СВП, член на Македонскиот ПЕН центар и член на ДПМ (1958). Дела: Насмевка пред зорите (1958), Земја и страст (1958), Злодоба (1963), Тежина (1965), Пеплосија (1966), Сенки (1972), Зелени порти (1975), Хераклеја (1978), Поморија (1981), Бденија и сновиденија (1982), Полилеј (1983), Плодови (1984), Тапија (1985), Живожарица (1990), Сончева белегија (1990), Морници(1991), Глувчето со двоглед (поезија за деца, 1991), Ралица (1992), Злодоба (1992), Лелејка (1994), Самотија (1994), Празник (библиофилско издание во ракопис, 1995), Трагач (поема, 1995), Решетки (1996), Приќе (1997), Разор (1999), Картечница(2000).