Јозеф Страка е роден на 1 декември 1972 во Јаблонец на Ниса и е автор на две збирки поезија: и…други времиња (Г Тиск, Либерец) и Зошто (ТВАР, Прага), кои биле објавени во деведесеттите, како и четири книги во кои комбинирал поезија и проза: Хотел Бристол (2004), Монс сити (2005), Црква среде маглата (2008) и најскорешната (во септември 2014) Ситни прогони – сите објавени од Черм издаваштво, Прага-Збраслав. Неговите дела се објавени и во бројни книжевни и културни списанија во Чешка и странство, а исто така се преведени на англиски, германски, полски, српски, словенечки, холандски, унгарски, руски, романски и шпански јазик. Во тек е преводот на португалски и француски јазик. Тој бил дел од неколку меѓународни поетски фестивали, како „Трећи трг“ фестивалот во Белград (2008), „Смедеревска поетска есен“ (Србија, 2009) и „Меѓународниот микрофестивал Прага“.