Хусто Хорхе Падрон е роден 1943 година во Лас Палмас де Гран Канарија, на Канарските острови, во Шпанија. Тој е Генерален секретар на Шпанскиот ПЕН клуб од 1983 до 1993 година, основач и главен уредник на меѓународното повеќејазично
списание за поезија ‘Екиваленсијас’ од 1982 до 1994 година и директор на Меѓународниот фестивал за поезија во Лас Палмас де Гран Канарија од 1992 до 2002 година. Беше претседател и организатор на Шестиот светски конгрес на поетите што се одржа во Мадрид во 1982 година. Неговата поезија е преведена на
четириесет и четири јазици, а објавени му се стотина книги на странски јазици. Добитник е на триесетина меѓународни награди и признанија меѓу кои ги истакнуваме: Меѓународната награда на Шведската академија, 1972 год.; Наградата Меѓународен Бард на Меѓународното здружението на современи поети, Мелбурн, Австралија, 1981 год.; Меѓународната награда на Мадрас, Индија, 1982 год.; Златниот медал на кинеската култура, 1983 год.; Европската награда за книжевност, Југославија, 1986 год.; Големата меѓународна награда за литература на Софија, Бугарија, 1988 год ; Двократен добитник на наградата „Нова Македонија” за најдобра
песна на СВП, Скопје, Македонија, 1989 год. и 2002 год.; Златен венец на Струшките вечери на поезијата, Македонија, 1990 год.; Меѓународната награда „Блез Сендрар“, Швајцарија, 1994 год.; Меѓународната награда „Никита Станеску”, Романија, 1996 год.; Меѓународната награда на градот Трст, Италија, 1999 год.; Меѓународната награда „Леополд Седар Сенгор”, Дакар, Сенегал, 2003 год.; Наградата на 9-от Меѓународен саем на книгата во Лима; Перу, 2004 год.; Наградата „Златно класје” на Меѓународниот поетски фестивал „Сесар Ваљехо” во Трухиљо, Перу, 2008 год.