Кама Сивор Каманда, ангажиран писател, е роден во Луебово Конго, во 1952 година. Воспевач на африканското паметење со објавени голем број дела со раскази, поезија, романи, есеи и одржани предавања низ цел свет. За него, литературата е причина за постоење, можост да пишува во целосна слобода. Делата на Кама Сивор Каманда се преведени на повеќе јазици и се обја-
вени во повеќе меѓународни литерарни ревии. Добитник е на повеќе литературни награди.