Керу Кејс живее во Вилнус, каде што предава теорија на превод и креативна композиција. Има напишано околу 40 книги. Во последно време пишува проза и сценски монолози. Кери изведува перформанси и со џез музичарот Владимир Тарасов чие заедничко ЦД е објавено во 2006. Член е на Литванското здружение на поети и на литванскиот ПЕН. Неговата најнова книга е „Превесување, наметка од воздишки“ (2010). Во 1992 ја освоил наградата Robert H. Winner Memorial Award, во 2005 добива национална литературна стипендија, а во 2003 награда за превод од Литванската унија на писатели.