Првата збирка на Ким Мур, Уметноста на паѓањето, беше објавена од Серен во 2015. Нејзината песна „Во таа година“ се најде на списокот за наградата „Форвард“ (Forward) за најдобра објавена песна во 2015. Нејзиниот памфлет Ако можеме да зборуваме како волци беше победник на Натпреварот за Бизнис памфлет за 2012 година. Добитник е на наградата „Ерик Грегори“ за 2010 година, и наградата „Северни писатели“ за 2014. Настапувала на фестивали во Обединетото Кралство, Ирска, Хрватска и Холандија. Тринаесет години работела како наставник по труба во Музичкото училиште „Камбрија“, а сега работи на докторат за Креативно пишување на Универзитетот „Манчестер Метрополитен“.