Кнут Едегорд  е роден во 1945 во Молде, Норвешка. Студирал теологија и филологија на Универзитетот во Осло и Универзитетот во Кембриџ. Станал доктор на науки по литература во 1999 година.

Првата збирка песни Сонувачхот, скитникот и бунарот ја објавил во 1967 година, и оттогаш до сега има објавено 12 стихозбирки, меѓу кои: Миса (1998), Куката на Стивенсен (2003), Стражарница (2005) и Процвета многу лудо (2009). Кнут Едегорд пишува и проза, есеи и драми. Има преведено единаесет збирки странска поезија. Тој е најпреведуваниот поет во современата норвешка литература. Неговите песни се преведени на 26 јазици.

Едегорд е основач и претседател на Норвешкиот меѓународен фестивал за литература, Бјорнсонфестивален, од 1992 до 2001 година, а од 2002 е почесен претседател. Во 2003 е избран за претседател на Норвешката академија на литература. Во 1997 година бил прогласен за витез од страна на кралот на Норвешка. Во 1997 станал Почесен генерален конзул за Република Македонија.