Корнелијус Плателис, е поет, есеист, преведувач. Роден е во 1951. Дипломирал инженерство И работел 12 години на ова поле истовремено занимавајќи се со книжевност. Сега работи како претседател на  Друштвото на уметници на Литванија, главен уредник е и на неделното списание за култура „Литература и уметност“ во Вилнус, Литванија и е претседател на одборот на меѓународниот фестивал за литература „Друскининкаи поетска есен“. Досега има објавено 7 стихозбирки на литвански јазик, од кои 3 во англиски превод и една во италијански; како и една книга есеи, потоа препев на литвански јазик на одбрани песни од Т.С.Елиот, Шејмас Хини, Езра Паунд, Роберт Брингхрст, „Историја на полската книжевност“ од Чеслав Милош, коментари на Стариот завет.