Л. Ласло Шимон е роден во Секешфехервар (древна престолнина на Унгарија) на 28 март 1972 година. Гимназија завршил во родниот град. Дипломирал унгарска книжевност и историја на Универзитетот во Будимпешта. Од 1998 до 2004 год. беше претсаедател на Сојузот на младите писатели, а во 2004-2010 год. генер. Секретар на Сојузот на писателите на Унгарија. Истовремено работел како уредник на реномираното списание “Кортарш“ и уредник на будимпештанското книгоиздателство “Сепиродалом”. Од 2005 г. предава на Католичкиот факултет. Има објавено тринаесет поетски и есеистички книги. Во 2007 г. е добитник на најпрестижната унгарска награда за поезија “Атила Јожеф”. Во 2010 г., како кандидат на владејачката партија “Фидес” станува член на Унгарскиот парламент. Претседател е на парламентарната Комисија за култура и информации. Од 2012 г. е државен секретар во владата на Унгарија.
Flickr
Новости
- Конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ во 2020 година, за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на СВП понеделник јуни 1st, 2020
- MBRËMJET E POEZISË SË STRUGËS JANË PJESË E „FESTIVALIT TË SHPRESËS” петок април 24th, 2020
- „Струшки вечери на поезијата“ e дел од „Фестивалот на надежта“ петок април 24th, 2020
- Поздравно обраќање на Амир Ор, добитникот на Златниот венец за 2020 година вторник март 24th, 2020
- Израелскиот поет Амир Ор е добитникот на наградата „Златен венец“ на СВП за 2020 година сабота март 21st, 2020
Контакт
Address: P.O. Box 109
Str. Brakja Miladinovci nr.5
6330 Struga
Republic of Macedonia
Phone: ++389 46 786 270
Fax: ++389 46 786 280
Email: struga@svp.org.mk