Роден во 1957 година од кинески родители во Џакарта, Индонезија, Ли рано дознал за загубата и егзилот. По воспоставувањето на Народна Република Кина во 1949 година, родителите на Ли избегале во Индонезија. Во 1959 година татко му, по едногодишна затворска казна како политички затвореник, со семејството избегал од Индонезија бегајќи од антикинеското располежение. По петгодишно талкање низ Хонг Конг, Макао и Јапонија, во 1964 година се населиле во САД. Ли Јанг Ли е автор на четири critically acclaimed книги поезија, од кои најновата е насловена Зад моите очи (2008). Другите збирки поезија се Книга на моите ноќи (2001); Роза (1986), Градот во кој те сакам (1991) и поетскиот избор од 1990 година. Признанијата на Ли вклучуваат бројни стипендии, грантови и награди. Живее во Чикаго со сопругата и двата сина.