Член на Mallarmé Академијата и добитник на престижната “Apollinaire” награда, денес таа ја брани честа и доследноста на наградата како главен секретар на стручното жири. Линда Марија Барош е, како што изјави Лионел Реј “Извонредна поетеса” чии “мајсторско смели дела изненадуваат со својата непредвидливост, кои се во исто време и нежни и остри.”
Како авторка што твори на француски јазик, родена во Букурешт во 1981 г., Линда Марија Барош има објавено шест стихозбирки, вклучувајќи ја Книгата на знаци и сенки (Le Livre de signes et d’ombres, награда за поетска професија, 2004), Куќата од жилети (La Maison en lames de rasoir, Apollinaire признание, 2006, репечат 2008), Автопат А4 и други песни (L’Autoroute A4 et autres poèmes, 2009) и Костурот пливач- Метрополитански легенди (The Boned Swimmer Metropolitan Legends, 2015).
Нејзините песни се преведени и објавени во 28 земји.
За паралела, има напишано и две драми како и две книжевни студии а превела и повеќе од 30 книги.
Линда Марија Барош има докторат по Компаративна книжевност од Универзитетот во Сорбона. Во Париз, каде и живее, таа работи како генерален секретар на Факултетот за Компаративна Книжевност, директор е на фестивалот Француско-Англиски фестивал на поезијата и главен уредник е на интернационалното поетско и визуел-арт списание за критики Ла Традуктиере (La Traductière).