Лин Хансен има објавено две стихозбирки самостојно и една заедно со книжевниот колектив Г=Т=Б=Р=Г. Нејзината прва книга Допри шума (Touch wood), била објавена во 2008, а втората Навраќање кон историјата (Turn to history) е објавена во 2013. Работи како уредник на списание за култура и на независната издавачка куќа Гланта (Glänta), и е еден од организаторите на поетскиот фестивал во Гетебург од 2008. Нејзината поезија е преведена на англиски, фарси, шпански, арапски, романски, украински, француски, германски, словенски, македонски и дански. Во 2013 била дел од програмата за превод на шведски и ирански поетеси, а претходно била на тура со шоу со поезија и хармоники со наслов ” Vem grater för Jemma Blomhoff “.
Нејзините дела опфаќаат теми како доаѓање до знаење, факти, информации и дидактички јазик. Книгата (Gå till historien), која е делумно преведена на македонски јазик за потребите на фестивалот, како појдовна точка го има прашањето: Што е историјата? дали е се што било? и ако да, каде почнало? дали има крај? дали е носталгична? како е историјата организирана, дали детството доаѓа пред или по ренесансата, која е разликата помеѓу историјата и природата? што прашува историјата?