Лука Бенаси е роден во 1976 година во Рим. Првата збирка песни На маргините на историјата ја објавува во 2000 година па потоа во 2005 следи неговата втора стихозбирка Славата на Греј. Неговите песни се застапени во антологии, и  се објавени во бројни литературни списанија Тој е присутен и во електронските списанија. Исто така се занимава и со превод на поезија. Уредник е на страницата посветена на женската поезија во месечното списание Ноидоне, каде што писува за најзначајните женски ликови во современата поезија. Тој е еден од уредниците на Антологија на современа еротиска поезија. Партнер е на уметничката галерија Инкуадро во Рим, каде што ја бара врската помеѓу поезијата и уметноста. Лука Бенаси живее и работи во Рим.

Песни: