Луис Арманд е писател и визуелен уметник. Роден е во Сиднеј, а од 1994 година живее во Прага. Работел како уредник, издавач, уметнички консултант и куратор и како техничар за преводи на филмскиот фестивал Карлови Вари. Има објавено осум романи: Комбинациите (Еквус, 2016), Абакус (Вагабонд, 2015), Каиро (Еквус, 2014), Појадок на полноќ (Еквус, 2012), Светлост и сенка (Еквус, 2011), Менудо (Антиген, 2005), Градината (Салт, 2001) и Топлотен бран (Еквус, 2013). Покрај тоа, автор е и на десет збирки поезија – меѓу кои последни се: Преглед за источен Бродвеј (2015), Варијациите на простакот Голдберг (2015; двете објавени од Влак Рекордс), Индиректни предмети (2014), Писма од Аусланд (2011; двете објавени од Вагабонд) и Синоптикон (со Џон Кинсела; ЛПБ, 2012 г.). Објавил и голем број критики вклучувајќи ги Видеологија (Литерарија, 2015) и Мајмунот на уличната органа: Поставангардна култура (Литерарија, 2013). Неговата поезија се појавува во повеќе антологии како: Триесет австралиски поети, Најдобрите австралиски песни, Цветна чашка: 30 современи австралиски поети и Пингвин антологија на австралиската поезија. Во 1997 година ја добива наградата „Макс Харис“ (Аделаида), а во 2000 година наградата „Насау Критика“ (Њујорк). Неговото сценарио за Светлост и сенка добива почесно обраќање на меѓународниот филмски фестивал во Трст во 2009 година. Тој е уредник на списанието ВЛАК.
Flickr
Новости
- Конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ во 2020 година, за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на СВП понеделник јуни 1st, 2020
- MBRËMJET E POEZISË SË STRUGËS JANË PJESË E „FESTIVALIT TË SHPRESËS” петок април 24th, 2020
- „Струшки вечери на поезијата“ e дел од „Фестивалот на надежта“ петок април 24th, 2020
- Поздравно обраќање на Амир Ор, добитникот на Златниот венец за 2020 година вторник март 24th, 2020
- Израелскиот поет Амир Ор е добитникот на наградата „Златен венец“ на СВП за 2020 година сабота март 21st, 2020
Контакт
Address: P.O. Box 109
Str. Brakja Miladinovci nr.5
6330 Struga
Republic of Macedonia
Phone: ++389 46 786 270
Fax: ++389 46 786 280
Email: struga@svp.org.mk