Роден е во Столац, Босна и Херцеговина на 17.10. 1917 година, а починал во Сараево на 14. 7. 1971 година. Со збирката Камениот спијач (1966), станал еден од најзначајните поети на БИХ. Соживувајќи се со јазикот и со светот на богомилските надгробни споменици и оживувајќи го од надгробните записи на спомениците далечното минато на својот народ и својата земја, дал поетски записи од своите видувања за луѓето и историјата, создавајќи истовремено и нов поетски јазик како соодветен одраз на босанскохерцеговската стварност. Дела: Видополска ноќ, 1936; Жена пливач, 1954; Крутоста на кругот, 1960 и други.
Flickr
Новости
- Конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ во 2020 година, за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на СВП понеделник јуни 1st, 2020
- MBRËMJET E POEZISË SË STRUGËS JANË PJESË E „FESTIVALIT TË SHPRESËS” петок април 24th, 2020
- „Струшки вечери на поезијата“ e дел од „Фестивалот на надежта“ петок април 24th, 2020
- Поздравно обраќање на Амир Ор, добитникот на Златниот венец за 2020 година вторник март 24th, 2020
- Израелскиот поет Амир Ор е добитникот на наградата „Златен венец“ на СВП за 2020 година сабота март 21st, 2020
Контакт
Address: P.O. Box 109
Str. Brakja Miladinovci nr.5
6330 Struga
Republic of Macedonia
Phone: ++389 46 786 270
Fax: ++389 46 786 280
Email: struga@svp.org.mk