Марија Шимоковиќ е родена во 1947 година во Суботица, Србија. Дипломирала на Универзитетот во Белград на одделот за филозофија и историја. Има објавено десет збирки поезија меѓу кои Мариатересиополис (превод на унгарски заедно со И.Б.Фоки, 1996 година), Средорек (1999) Киновар (2007). Исто така, објавила и еден роман насловен Сценографија за ветрот (2002). Автор е на бројни критики и осврти. Добитник е на неколку награди, меѓу кои и на наградата Бранко Миљковиќ во 2008 година.