Живее во Ереван, Ерменија. Има диплома по филологија од Државниот Универзитет во Ереван. Објавила три поетски книги во Ерменија (1993 година, 1998 година,  2006 година), а други две објавени во Франција (1995 година, 2003 година). Петросјан, исто така, пишува и есеи. Нејзиниот есеј „Антипоезија или кога поетот не бара алиби“, за современата ерменска поезија, предизвикал контроверзии во ерменските литературни кругови. Моментално работи како колумнист за дневниот весник Haikakan jamanak.