Мариса Мартинес Персико (Буенос Аирес, 1978) е аргентинско-шпанска поетеса која живее во Италија од 2010 година. Докторирала шпанска и латиноамериканска книжевност на Универзитетот Саламанка, дипломирала книжевност на Универзитетот во Буенос Аирес. Таа е професорка по шпански јазик, преведување и книжевност при универзитетите Масерата и Џулиемо Маркони. Има објавено пет книги поезија: Гласовите на лисјата (Аргентина, 1998), Поетска амбуланта (Аргентина, 2003), Тапите листови (Аргентина, 2004), Единствената врата беше вашата (Шпанија, 2015) и Небото во загради (Шпанија, 2017). Добитничка е на книжевни и академски награди како наградата што ја доделува УНЕСКО за „Есеј за кубанскиот писател Хозе Марти“, наградата „МострАРТЕ“ (за поезија) од Универзитетот во Буенос Аирес, а била и финалист за наградата за шпански јазик „Пилар Фернандес Лабрадор“. Нејзините песни се делумно преведени на англиски, италијански и португалски јазик. Од 2014 година, таа е директорка на списанието Куадернос дел хипогрифо во Рим.