Мариус Челару e pоден во 1961, дипломирал економија, е соработник со статии, песни, есеи, проза, преводи и други дела во различни светски антологии, списанија и журнали во многу земји. Тој е член на Друштвото на писатели на Романија и многу други здруженија, национални и интернационални, кој има издадено повеќе од триесет книги ( романи, песни, критики, есеи, осврти и преводи), а наградуван е со национални и интернационални литературни награди.