Мартин Глаз Серуп е роден во 1978 во Копенхаген каде живее со својата фамилија. Има објавено десет книги за деца, пет книшки (најскорешна e Места за читање од Канадијан Но Прес (2017)), како и седум збирки поезија, од кои најнова е Римски ноќи (2013), како и долгата песна Полето (2010), која била објавена во САД (2011), Шведска (2012), Финска (2014), Германија (2016) и Мексико (2017). Серуп бил вклучен во уредувањето на книжевните списанија Апаратур, Литлајв, Хведекорн а од 2011 до 2017 бил член на книжевниот колектив Променаден. Добитник е на наградата за поезија „Мајкл Струнг“, а добитник е и на „Златен медал“ од Универзитетот во Копенхаген за неговата дисертација „Релациона поезија“ која била издадена како книга од Универзитетскиот прес на Јужна Данска (2013). Во 2012 бил награден со престижниот тригодишен грант од данскиот Уметнички совет, а во 2015 се стекнува со докторат на Универзитетот во Копенхаген со неговата дисертација „Културолошка меморија и литературата на концептуален сведок“. Предава поетика и креативно пишување на Универзитетот во Копенхаген.