Мартин Солотрук е роден во Братислава завршува магистерски студии по Англиски и Словачки јазик а исто така се здобива со докторат по Американска поезија од Комениус Универзитетот во Братислава каде и сега предава како професор. Неговата прва стихозбирка носи наслов, Тивки Војни (Tichévojny) добитник е на Наградата за најдобро Словачко книжевно деби во 1997. Неговата втора збирка, Мелење (Mletie) е објавена во 2001. По неа следи Планктон од Гравитација (Planktóngravitácie) објавена во 2005 и Љубовна приказна: Агенс и пациенс (Lovestory: Agens and paciens) објавена во 2007. Солотрук ја комбинира во неговите песни неговото социјалистичко минато со јасниот приказ на лозјата од неговите дедо и баба како и неговото силно чувство на словенско византиско потекло. Познат е и како преведувач, а неговите преводи на поезија од, помеѓу другите, Тед Хјуз, Џон Ашбери, Шејмус Хејни и Чарлз Симиќ се појавуваат во форма на книга или во списанијата во Словачка.
Неговите песни се појавуваат во неколку антологии во Германија, Исланд, Велика Британија, Италија, Мексико и САД вклучувајќи ги Јасна поделба: Нова поезија од Источна и Централна Европа (A Fine Line: New Poetry from Eastern and Central Europe (Arc Publications, 2004) и Нови Европски Поети (New European Poets (Graywolf, 2008). Преведува поезија од Англиски. Во книгите за кои добил бројни награди, вклучуваат дела од Чарлс Шимиќ, Џон Ашбери и Тед Хјуз. За неговиот превод на Тед Хјуз Гавран(Crow) ја добива наградата за најдобар превод на автор во 2007 година. Директор е на АрсПоетика интернационалниот поетски фестивал и издавачка куќа.
Одлично зборува Англиски, Руски и има основни познавања на Полски и Германски.