поет,писател
Родена: 1978 Техеран
Маријам Хулех е одликувана Иранска поетеса која е препознатлива по темниот свет прикажан во нејзината поезија, нејзините критики против културните табуа и политичка моќ, нејзината пејсажност и комплексен јазик како и широкиот дијапазон на нејзиниот речник. Во 2003 ја добива книжевната стипендија “Слободен градски писател” од Шведскиот ПЕН клуб што е специјално дизајнирана за притворени и измачувани писатели, со неа таа се поканува да живее како гостин на градот Стокхолм и од тој момент па натаму таа е жител на Стокхолм. Нејзините книги “Современа Лепра” и “Здружение Пекол” се добитници на наградата од Шведската асоцијација на Писатели во 2004. Нејзината работа е преведена на Шведски,Англиски,Француски,Курдски, Турски и многу други јазици. Има уште десеттина книги спремни за печатење на Персиски и две збирки поезија на Англиски и Шведски јазик кои треба да бидат објавени пред 2015.
[su_accordion]
[su_spoiler title=”Маријам Хулех” style=”fancy”]
Библиографија:
1- Змајот нема никогаш да лета во моите раце 1999
2- На улиците во Атина 1999
3-Проколната кабина 2000
4-На улиците во Атина (второ издание)2001
5-Лудите песни на дождот (на Курдски) 2002
6- Современа Лепра 2004
7- Здружение Пекол 2004
8- Лепливи соништа на протерана пеперутка 2006[/su_spoiler]
[/su_accordion]