Мод Ванхауверт е писателка и изведувачка на текст на сцена. Во 2011 година, нејзиниот прв поетски албум бил објавен од Кверидо (Амстердам), именуван како Ik ben mogeljik (Јас сум можна). Албумот бил награден со Vrouw Debuut Prijs (Награда за женска дебитантка). Во 2014 година, била објавена Wij zijn evenwijdig (Ние сме паралели), книга која може да ја читате како поетски албум, како кривулеста приказна, или збирка тажни шеги.
Мод ги испитува креативните начини на кои може поезијата да се донесе на сцена. Таа настапувала во различни земји, добитничка е на „Фрапант ТХТ“ натпреварувањето во 2012, и била финалиста на Светското натпреварување за слем поезија (2012), како и на престижниот „Леидс кабаре фестивал“ во 2014 година. Мод магистрирала на Театарската академија во Анвтерпен, каде работи како професорка.