Мехил Велај е роден во 1957 година во Косово. Студирал албанска лингвискита и литература на Универзитетот во Приштина. По завршување на студиите, 19 години работел како наставник, сè до емигрирањето во САД. Има објавено три збирки поезија, и е ко-автор на неколку поетски антологии. Исто така, работел како новински репортер. Живее и работи во Стамфорд, САД, и моментално работи на својата четврта книга поезија.