Мета Кушар е родена во 1952 година во Љубљана. Таа е поет и есеист, автор на четири книги поезија: Мадеира (1993), Свила и лен (1997), Љубљана (2004) и Јаспис (2008). Нејзините дела се објавени во различни антологии и бројни списанија за литература. Од 1980 година редовно дала прилози од културата и историјата на Словенечкото национално радио и РАИ-Трст. Повремено пишува филмски сценарија и ги режира. Исто така, Мета Кушар е режисер на музичкиот перформанс на својата поезија, „Тронот на поезијата”, кој е изведуван и на меѓународната сцена, во Вашингтон (1999), Лондон (2000) и Лугано (2006).

Песни: