Роден во Штип на 25. 8.. 1936 г., поет, раскажувач, преведувач, есеист. Член на Македонскиот ПЕН центар и на ДПМ (од 1965). Од повеќето врвни преводи треба да се издвои неговиот препев на епот Гилгамеш. За својата единствена збирка раскази Захариј и други раскази (2004) ја добива Рациновата награда. Критиката вели дека е поет на сликата и на звукот. Неговата поезија ја сочинуваат кратки поетски форми. Она што може да се забележи како новина во поетската практика како кај Ренџов така и во современата македонска поезија, особено во неговата поема Тој, е тоа што во функција на стих се поставува само еден збор (модел познат и кај В. Мајаковски и Н. Ј. Вапцаров). Ренџов во својата поезија ја спроведува и поетиката на отсутното. Дела: поезија: Иселеник на огнот (1965), Ноќно растење на зборот (1967), Каде од оваа страна (1968), На работ од сонот (1972), Страв (1976), Полноќ (1979), Нерези (1982), Аутодафе (1985), Феникс (сонети, 1987), Земја. Потоп (1991), Тој (лирска поема, 1993, Шпил (1994), Вечната бесконечната (1996), Јас оксиморон (1998), Псалми (2000,), Апокалипса (2002), Галичица (2007).
Flickr
Новости
- Конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ во 2020 година, за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на СВП понеделник јуни 1st, 2020
- MBRËMJET E POEZISË SË STRUGËS JANË PJESË E „FESTIVALIT TË SHPRESËS” петок април 24th, 2020
- „Струшки вечери на поезијата“ e дел од „Фестивалот на надежта“ петок април 24th, 2020
- Поздравно обраќање на Амир Ор, добитникот на Златниот венец за 2020 година вторник март 24th, 2020
- Израелскиот поет Амир Ор е добитникот на наградата „Златен венец“ на СВП за 2020 година сабота март 21st, 2020
Контакт
Address: P.O. Box 109
Str. Brakja Miladinovci nr.5
6330 Struga
Republic of Macedonia
Phone: ++389 46 786 270
Fax: ++389 46 786 280
Email: struga@svp.org.mk