Милан Деклева, роден во 1946 во Љубљана, е поет, есеист и прозаист. Дипломирал компаративна книжевност на Универзитетот во Љубљана и работи како новинар за неколку списанија и телевизија. Објавил дваесет книги поезија и неколку драми, две книги со раскази, две книги есеи и пет романи како и многу книги за деца и мјузикли. Неговите дела се преведени на над 10 јазика. Успешен џез пијанист и поранешен играч на рагби, Деклева, наградуваниот автор, се истакнал во деведесеттите. Неговите песни и есеи, формално извонредни, ја разработуваат состојбата на современиот човек во отсуството на Бог.
Милан Деклева добил неколку награди за неговите дела: во 1989 наградата Прешеренов фонд, во 1990 наградата Јенко, во 1996 наградата Жупанчич, во 1999 наградата Рожанч, во 2003 и 2008 наградата Вероника и во 2006 наградата Прешник и наградата Кресник.