Милан Рихтер е роден на 25 јули 1948 година во Братислава, Чехословачка, денешна Словачка. Студирал германска, англиска и шведска лингвистика во Братислава, а во 1990 година добива Фулбрајтова стипендија во Лос Анџелес, САД. Во 2001-02 година бил потпретседател на словачкиот ПЕН центар, а од 2001 година е првиот потпретседател на Светската академија на уметност и култура. Тој е член на норвешката европската академија на поезија. Досега има објавено 9 стихозбирки на словачки јазик, две драми, есеи, кратки раскази. Одбрани песни од неговата поезија се преведени на германски, норвешки, бугарски, чешки, арапски, француски, хебрејски, шпански. Песните на Рихтер се преведени на 29 странски јазици и објавени во повеќе од 50 антологии и списанија. Драмите се преведени на англиски, шпански, германски, српски и норвешки. Добитник е на многубројни признанија и награди.