Миле Стојиќ е роден во Драгиќина (Босна и Херцеговина) во 1955 година. Тој е поет, есеист, аналитичар и новинар. Студиите по јужнословенски книжевности и јазици ги завршил на Филозофскиот факултет во Сараево. До 1992 година живеел и работел во Сараево како писател и уредник на книжевни публикации. Потоа предавал јужнословенска книжевност како лектор на Виенскиот универзитет.
Објавил четиринаесет книги поезија и осум книги проза и есеистика. Неговите книги се преведени на неколку јазици, а неговите песни се застапени во сите релевантни антологии на современа босанскохерцеговачка и хрватска книжевност. Добитник е на бројни книжевни награди. Член е на Друштвото на писатели на БиХ, Друштвото на писатели на Хрватска и ПЕН клубот. Моментално работи како уредник за книжевност во Радио Босна и Херцеговина