Милош Линдро е македонски поет, критичар, есеист и преведувач. Роден е на 9 септември, 1952 година во Косел, Охридско. Студирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Работел во издавачката куќа „Македонска книга“ и бил главен уредник на весникот „Глас“. Работи во Министерството за култура при владата на Република Македонија. Живее во Скопје.
Учествувал во создавањето на поетскиот манифест „На чекор од говорот“ (Разгледи, 1980 година) во којшто се заговара поетиката на генеративното која се реализира низ т.н. „Модел на ослабено именување“.

Биографија

[su_accordion]
[su_spoiler title=”Милош Линдро” style=”fancy”]

Милош Линдро е македонски поет, критичар, есеист и преведувач. Роден е на 9 септември, 1952 година во Косел, Охридско. Студирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Работел во издавачката куќа „Македонска книга“ и бил главен уредник на весникот „Глас“. Работи во Министерството за култура при владата на Република Македонија. Живее во Скопје.
Учествувал во создавањето на поетскиот манифест „На чекор од говорот“ (Разгледи, 1980 година) во којшто се заговара поетиката на генеративното која се реализира низ т.н. „Модел на ослабено именување“.

Преведува од српско-хрватски и романски јазик на македонски. Член е н Друштво на писатели на Македонија од 1982 година. Милош Линдро е писател кој е застапуван во повеќе избори и антологии на македонската поезија во земјата и странство. Милош Линдро е автор на следните книги:
Поезија
„Полилема“ 1977 година КММ Скопје „Вибрации“ 1980 година Мисла Скопје „Разградба“ 1983 година Македонска книга Скопје „Слова за речта 1987 година Наша книга Скопје „Раз-градба“ 1994 година
Проза
„Знакот, думата, словото“ 1990 година

[/su_spoiler]
[/su_accordion]