Миодраг Миќа Јакшиќ е роден во 1969 година во Белград, Србија. Основач е и главен и одговорен уредник на издавачката куќа Арте и на уметничката група АРТЕ, која брои над 300 уметници од целиот свет како и на уметничката колонија во Крчедин (од 2007 година). Уредник е на колониите во Темишвар, Базјаш, Топола, Прчањ, Паг, ‘Ртањ … Како архитект потпишал околу 200 архитектонски проекти, анализи и студии. Како писател објавил 17 книги, застапен е и во антологии и во учебници. Како новинар напишал повеќе од 1000 новинарски
текстови, за српските и за странски медиуми и водел радио-емисии. Како издавач потпишал 16 ЛП (LP) плочи и преку 90 книги. Како дизајнер обликувал логоа, амбалажи, книги, публикации … Бил помошник и заменик министер во Владата на Република Србија и пратеник во Собранието на Република Србија. Член е на Друштвото на писатели на Србија, на Сојузот на композитори и на Независното здружение на новинари на Србија. Живее и работи во Белград.