Најсестраниот хрватски книжевник Мирослав Крлежа (Загреб, 7. 7. 1893 – Загреб, 29. 12. 1981) со исклучителна творечка активност беше највлијателната книжевна личност меѓу двете светски војни. По Втората светска војна народен пратеник, академик, директор на Лексикографскиот завод во Загреб. Во своите лирски песни и поеми стилот на Крлежа се движи од импресионизам до експресионизам и сатиричен израз. Во средиштето на творештвото на Крлежа се наоѓа неговата драмска дејност. Обемна и разнолика, таа е трајна потврда на Крлежовата внатрешна потреба да го прикаже својот поетски свет во сценски, дијалошки облик, во страстен судир со сопствените противречности. Крлежа е автор на обемен есеистички и полемички опус во кој расправа за теоретските ликовни и книжевни прашања, а води и бескомпромисни полемики со современиците (Мојата пресметка со нив, 1932). Најзрели негови остварувања се драмите од т.н. Глембаевски циклус: Господа Глембаеви, 1929; Во агонија, 1928 и Леда, 1939. Неговата новелистичка и романсиерска дејност најцелосно ја зафатила воената и повоената тематика (Хрватскиот бог Марс, 1922; Враќањето на Филип Латиновиќ, 1932). Посебно место во творештвото на Крлежа и во хрватската книжевност заземаат Баладите на Петрица Керенпух (1936).
Flickr
Новости
- Конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ во 2020 година, за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на СВП понеделник јуни 1st, 2020
- MBRËMJET E POEZISË SË STRUGËS JANË PJESË E „FESTIVALIT TË SHPRESËS” петок април 24th, 2020
- „Струшки вечери на поезијата“ e дел од „Фестивалот на надежта“ петок април 24th, 2020
- Поздравно обраќање на Амир Ор, добитникот на Златниот венец за 2020 година вторник март 24th, 2020
- Израелскиот поет Амир Ор е добитникот на наградата „Златен венец“ на СВП за 2020 година сабота март 21st, 2020
Контакт
Address: P.O. Box 109
Str. Brakja Miladinovci nr.5
6330 Struga
Republic of Macedonia
Phone: ++389 46 786 270
Fax: ++389 46 786 280
Email: struga@svp.org.mk