Мортен Лангеланд е роден 1986 во Кристијансанд во јужниот дел на Норвешка, но живее и работи во Осло. Студирал компаративна книжевност и креативно пишување на „Литерар Гесталтинг“ во Готенбург и уметност на Националната академија на уметностите во Осло. Тој е книжевен критичар за весникот Класекампен и уредник во малото издаваштво Х//О//Ф. Лангеланд има објавено четири книги поезија по неговото деби со Јас сум добро во 2012 година. Неговите книги во својот стил се означени со одредена игривост – од пишување на неговиот јужен дијалект во неговата дебитантска книга, сѐ до неговата најскорешна книга Ноќи во зоолошка која е колекција на искршени сонети. Негови книги се и книгите Бабун, како и Вистинската општина. Лангеланд е добитник на престижната награда „Стиг Саетербакенс Миниприс“ во 2016 година.

Песни: