Нилс Хав, кој живее во Копенхаген, е професионален поет и писател на раскази. Неговата поезија и проза се објавени во бројни списанија и антологии на пр. англиски, српски, арапски, шпански, италијански, турски, кинески. Збирка од неговата поезија на англиски јазик  God’s Blue Morris, е објавена во 1993 година, а втората збирка на англиски јазик наречена Ние сме овде е објавена во 2006 година. Израснат на фарма во западна Данска, Нилс Хав денес живее во данскиот главен град. Патува ширум Европа, Азија, Северна и Јужна Америка. Нилс Хав е добитник на бројни престижни награди од Данскиот совет за уметност.