Норико Мизусаки дипломирала англиска и американска литература во 1972 година, магистрирала од истата област во 1975 година и докторирала литература во 1981 година. Работела како лектор по англиски јазик на неколку универзитети во Јапонија. Објавила 3 книги поезија (на јапонски и англиски јазик) и 5 книги поезија во превод. Во моментов е член на неколку месечни и тримесечни поетски спијанија во Јапонија, како и член на Јапонскиот поетски клуб, Јапонското здружение на поети, Јапонско-англиското поетско здружение, Друштвото на писатели на Јапонија.