Родена е во Ерденецаган, област Сухбатар, 1981 г. Поетеса, есеист, преведувач и новинар. Студирала будистичка филозофија и социологија на Националниот универзитет на Монголија. Работи на докторат од областа на културнатаантропологија. Една година студирала во Индија современ тибетански јазик и будистичка филозофија. Од 2004 година работи во Академијата за култура и поезија. Пишува литературна критика и есеи. Раководела повеќе поетски манифестации во Монголија и учествувала на повеќе конгреси во светот. Сега работи како генерален секретар на Академијата за култура и поезија и е главен и одговорен уредник на поетското списание ГУНУ.