Усман Сар (Сарус), роден во 1980 година, е млад поет и прозаист кој пишува на француски јазик. Студент е по современи уметности и филозофија на Универзитетот Париз 7. Исто така, тој е поранешен шампион на Сенегал и Млад африкански франкофонски елитен играч на јазичната игра Скребл (Scrabble). Роден е во Дакар, каде бил почесен Специјален советник на поранешниот градоначалник на неговиот град, пред да замине за Париз каде го продолжил своето образование по завршувањето на средното училиште во 1999 година. Неговата прва книга поезија е со наслов Ритамот на брановите.